Вести

Македонија се збогати со двајца милионери

Видеолотариските терминали на Државна Видеолотарија на Македонија им донесоа МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки на двајца нови играчи во октомври.

Македонија доби двајца нови милионери. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивките на ДВЛМ израдуваа уште двајца среќни играчи. На 06.10.2017 во Бет Ту Мар во Кривогаштани освоен е МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1,714.183 денари, а само три дена подоцна, на 09.10.2017 во Делта Бет Моцарт во Скопје, освоен е МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.355.194 денари.

Златко Толомановски од Кривогаштани, пресреќен, во друштво на своите другари  пристигна  по чекот на добитниот износ 1.714.183 денари во Државна Видеолотарија. Расположен, задоволно ја сподели својата среќна приказна со нас. Тој е редовен играч на видеолотариските терминали. Досега имал неколку помали добивки. Најпосакуваната, МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.714.183 денари ја освои на 06.10.2017 во среќното место Бет Ту Мар во Кривогаштани. Интересно е што два дена пред да ја освои најпосакуваната добивка, имал некое претчувство. Само еден ден пред  МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката, Златко освоил МИНИ ЏЕК ПОТ.

Оваа година е убава за него, вели Златко. Од скоро е дел од убава брачна заедница, која наскоро ќе добие уште еден член. Токму за бебенцето, ќе ги чува парите од оваа убава добивка.

На 09. 10.2017 во 22:59 во Делта Бет ДООЕЛ Моцарт, кај Железничката станица во Скопје, го добивме и последниот добитник која сакаше да остане анонимен. Ќе откриеме само дека станува збор за дама, која освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка вредна 1.355.194 денари. Деновиве очекуваме уште еден среќен играч да се радува на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 67 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 100.130.160  денари. Покрај нив, освоени се и 9028 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 67.602.588 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.