четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 110
home Вести

Македонците од Велика Британија на нозе: Обединети сме против промена на името на државата и идентитетот на нацијата

Македонците од Велика Британија на нозе: Обединети сме против промена на името на државата и идентитетот на нацијата

Македонската заедница во Велика Британија денеска одржа протест пред зградата на Европската Унија во Лондон, каде што организаторите имаа и поздравни говори.

Македонците во Европа се обединети против промена на името на државата и идентитетот на нацијата, со барање за крај на разговорите со Грција и продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под државното име Македонија.

Тие исто така се против донесување на Законот за употреба на јазиците со цел двојазичност на територијата на Македонија и во нејзините меѓународни односи и редефинирање на унитарноста и државноста на Македонија, како и против ратификација на Договорот со Бугарија, којашто не ги признава Македонците и уредува формирање на меѓудржавна комисија за ревизија на македонската историја.

Бараат и безусловно ослободување и помилување на сите притворени и осудени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Македонија и на Едмонд Темелко.