Вести

Лично сведоштво на келнерот Кико: Јас ги служев за првиот потпис на Бујар Османи, министерот на Заев, сметката беше 27.000 денари

Градски парк Скопје. Елитен ресторан,уствари најелитен и не како овие денешниве вештачки. Вечерно време,влегуваат во ресторантот 6 функционери на ДУИ. Седнуваат на маса и полека си порачуваат пијалоци и храна. Седенката трае околу 3 часа . Муса Џафери вика,-ајде конобар донеси сметката ..време е да си одиме.

Конобарот ја носи сметката на маса и Муса му вика..дај му ја на новиов министер, тој треба да части зашто од денес тој официјално е министер. Конобарот му ја дава сметката на министерот и му вика-Повелете господине сметчето .Овој ја гледа сметката и вика- Господине ова не е сметче..ова е сметкиште. Почнува друштвото да му се смее..Ајде ајде.плати и не кажувај..ништо не е оваа сметка,тек ќе почнеш да гледаш ваквии сметки .Сметката беше 27 000 денари.

Фатен во незгодно министеров почна да се брца по џебови .Муса му вика,-потпишија де..Па нели си министер. Министеров крева глава и бара одобрување од конобарот. Смеам ли? -Секако дека смеете министер сте. Зеде пенкало и ја потпиша. Неговиот прв потпис како официјален министер беше тоа што си ги почасти другарите на државна сметка. На сметка на министерството за здравство. Наместо со тие пари да се поддржи некое болно лице тој си ги почасти другарите.

Да да драги мои што читате. Министерот беше Бујар Османи !!!!…Господине Бујар Османи.. Јас Кико..ви одобрив да се потпишете!!! Уште непочнат и неседнат у фотеља…ја усравте !!! Рак рана му бевте на Груевски !!

Заев: Поднесена е кривична пријава за Бујар Османи (ВИДЕО)

Во интервју за ТВ Шења во декември 2015-та година, кое патем го водеше сега неговиот сопартиец Мухамед Зекири, Заев одговарајќи на прашањето има ли некој фунционер, односно предмет со кој што ќе се занимава СЈО за функционери од ДУИ, претседателот на СДСМ вели:

Да, Да. Поднесени се и кривични пријави. Мислам дека поднесени се кривични пријави за Бујар Османи, за Муса Џафери. Поднесени се кривични пријави за некои политичари во делот на тетовската индустриска зона. Тоа моите адвокати подобро го знаат. Поднесени се, но не е толку важно што ние сме поднеле кривични пријави, СЈО со примањето на материјалите ќе види што тоа има криминал и во другите случаеви

СДСМ: Османи во криминален тендер со вакцини од 28 милиони евра

Се поставува прашањето како Заев го прифаќа Бујар Османи во Влада. Една од причините, на пример, е пресот на социјалдемократите од февруари 2010 година кога обвинија за криминален тендер со вишок од 28 милиони евра, во кој бил вмешан токму нивниот иден министер Османи.

-Јавноста ги памети прес конференции на Бујар Османи кога јалово се обидуваше да одбрани една друга криминална јавна набавка во неговиот ресор, вакцините. Тој повторно заедно со Груевски со народни пари набави вакцини по убедливо најскапа цена. Во Македонија вакцините беа платени по 9,3 евра, додека за истите вакцини Мексико, Шведска или Велика Британија платија 5,6 евра или 4,5 евра помалку. Се разбира сеуште немаме одговор во чии џебови заврши разликата од 2 до 4 милиони евра. Кога веќе упорно говори за некаква “разлика помеѓу Мерцедес и Фиќо“, го повикуваме Бујар Османи заедно со неговиот бизнис шеф Никола Груевски јавно да им одговорат на граѓаните зошто производителите на медицинската опрема “General Electrics“ и “Siemens“ како директни понудувачи се повлекле од тендерот и заради тоа медицинската опрема ја плаќаме за 60 до 100 % поскапо и ја набавуваме од трговската фирма посредник “Simed Internacional“.

bujar osmani

Сега Заев ќе има министер во своите редови кој според него е криминалец… Ќе го гони ли Заев својот министер за наводните 28 милиони евра.

На 26 февруари Емилијан Станковиќ на прес конференција го обвинуваше Бујар Османи, кој ќе биде вицепремиер за евроинтеграции во новата влада, дека купувал медицински апарати за повисока цена.

-Ова е увоз на царинска декларација и фактура за комплет ренгенски и компјутерски томограф, со опреми и прибор ВЦТ ХТ-64 слајс од марката Генерал електрикс, кој во Македонија е увезен пред три месеци по цена од 533.334 евра. Само за споредба Груевски, Османи и ВМРО-ДПМНЕ го набавуваат со народни пари ЦТ-64 сити скен компјутерот, по цена од 900 илјади евра или за 370 илјади евра поскапо. Сега очекуваме од Груевски и од како што самиот се нарекува од инвестициски аспект во наводници најзначајниот министер за здравство да и ги објасни на јавноста овие факти, кажа тогаш Емилијан Станковиќ на прес на СДСМ.

На 3 март 2010 години Менде Диневски на прес конференција го обвинуваше Османи дека го одвел здравството во целосен колапс.

-Господине Груевски и Османи што се уште треба да се случи за да сфатите и колку уште човечки животи треба да се изгубат, за да сфатите дека вашата политика  во здравството доживеа целосен колапс. Здравството не може да се подобри со вашиот популизам, лажните ветувања, владините кампањи  и партиските војници. Здравството не може да се подобри со коруптивните афери и разлики во набавна цена за четири години најавуваната медицинска опрема од неверојатни 28 милиони евра. Недозволиво е личните и партиските бизнис интереси да се поважни од здравјето на граѓаните, изјави тогаш Менде Диневски на прес конференција на СДСМ.

На 16 април 2010 година Андреј Петров на прес конференција го обвинуваше новиот вицепремиер за евроинтеграции дека го наполнил здравството со партиски војници.

-Министре Османи еднаш во вашата министерска кариера кажете нешто конкретно, нешто штоп нема да биде ветување на брда и планини или препишување на вашите неуспеси на нечие туѓо конто. Велите дека банкротот на  Фондот за здравство ќе го решавате на сметка на граѓаните со ограничување на нивното право на избор на здравствена институција во која ќе се лекуваат. Од друга страна се полни јавното здравство со партиски војници, на кои не им е јасно што треба да работат, ама го празнат без потреба здравствениот буџет, за нив имате пари. А клиниката за трансфузиологија нема пари за фактори за коагулација на крвта, со што многу чувствителна популација ја доведувате во животна опасност, изјави тогаш Андреј Петров на прес конференција на СДСМ.

Партиското обвинителство на СДСМ и Зоран Заев со отворање на истраги заплашува(ло) низа функционери на најголемата политичка партија кај Албанците, со цел да влијае на постизборна коалиција и да му овозможи на Зоран Заев како поразен на изборите да формира влада и да стане премиер.