Вести

КУРИР доби златен медал за квалитет од QUDAL

Интернет страницата со содржина на македонски јазик kurir.mк нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет меѓу сите интернет портали во Република Македонија. Ова е оценка од истражувањето „Кјудал” на швајцарската меѓународна асоцијација за сертифицирање ИЦЕРТИАС.

kurir

КУРИР доби златен медал за квалитет како победник во истражувањето на  QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL).

QUDAL истражувањето за Македонија е спроведено во март 2016 година на територијата на Македонија, на 1200 испитаника од општата популација, постари од 15 години. Прашањата биле од отворен тип, испитаниците апсолутно можеле да ги наведат оние компании и брендови кои сметале дека им пружаат апсолутно најголемо ниво на квалитет во одредената категорија.

КУРИР им се заблагодарува на сите кои дадоа најголема доверба за нас и ветуваме дека со уште позасилено темпо ќе продолжиме да работиме во иднина, нудејќи брзи, точни и квалитетни информации.

Инаку Златниот медал за квалитет се дава само за оние производи и услуги кои нудат најдобар квалитет на пазарот а кој се базирани на мислења и препораки од корисниците на таквите услуги. Сите производи и услуги претходно се споредуваат со тоа што го нудат конкурентите на пазарот.

 

Швајцарската асоцијација за сертифицирање ИЦЕРТИАС е организација со седиште во Цирих која врши испитување на светскиот пазар преку иноватина методологија. Мерењата што ги врши оваа асоцијација се задржуваат само на 100% квалитет што го нудат компаниите.