Вести

Кумановци порачаа: Нема да дозволиме разнебитување на Македонија

Кумановци и вечерва се приклучија на маршот, кој го организирашр граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тие и овојпат ги повторија барањата за зачувување на унитарниот карактер на државата и целосно отфрлање на тиранската платформа.

Граѓаните го почнаа маршот од реонскиот пазар на булеварот „Октомвриска револуција“, потоа поминаа низ централните градски улици, од каде пристигнаа пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Кумановци бараат да не се промени Уставот и она што ја чини суштината на државата, знамето, химната, грбот, да не се воведе двојазичност на целата територија на Републиката. Велат, дека нема да дозволат разнебитување на Македонија, бидејќи како што потенцираа, сегашната генерација има обврска да ја зачува државата онака како што ја оставиле предците и да ја предале на идните поколенија.