Вести

Кумановци и вечерва со поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Целосно да се отфрли тиранската платформа

Кумановци и вечерва се приклучија на маршот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кој започна од пред општина Куманово и уште еднаш порачаа дека нема да дозволат двојазичност, промена на Уставот и суштината на државата и менување на унитарниот карактер на државата.

Поминувајќи низ централните градски улици во Куманово, учесниците во маршот, уште еднаш кажаа дека целосно треба да се отфрли „тиранската платформа“ која води кон разнебитување на државата.

kumanovo

Маршот заврши пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ на кој се обрати Горан Зафировиќ, кој првин ги поздрави присутните на српски јазик, а потоа на македонски упати пораки дека Србите од Куманово остро се спротиставуваат на идејата за федерализација, поделба и рушење на унитарноста на државата.

kumanovo1

– Денес сме овде да кажеме не и отворено да се спротивставиме на двојазичноста на територијата на нашата заедничка Република Македонија, а посебно го креваме гласот против каква било резолуција со која нас Србите би не прогласиле за геноциден нарот. Не можат да бидат геноциден народ, народите кои со векови се бореле за слобода, народи кои најхрабрите синови ги положија животите на браникот на татковината и во сите големи војни секогаш биле на победничката страна, рече Зафировиќ.

kumanovo2

Додаде дека национални малцинства има многу во Македонија, но дека сите треба да ги почитуваат и прифатат името, знамето, химната и грбот на Македонија, бидејќи, како што истакна, тоа се столбови на државата. Нагласи дека никакви платформи од странство не смеат да го нарушат суверенитетот и територијалниот интегритет и изрази убедување дека народот цврсто ќе застане на браникот на државата и дека мора да се најде излез за решение на кризата.

kumanovo3

Пред присутните се обрати и Раце Трајковски, кој рече дека „тиранската платформа“ директно ги турка децата во војна и оти тоа не смее да се дозволи. Повика да се остават на мира да учат, тренираат и да се развиваат, да ја градат државата во заедничко општество во кое сите ќе бидат среќни и ќе се радуваат на иднината, а не како што рече да војуваат за цели, кои ни самите не ги знаат.

kumanovo4

kumanovo5

kumanovo6

kumanovo7

kumanovo8

kumanovo9

kumanovo10

kumanovo11

kumanovo12

kumanovo13

kumanovo14

kumanovo15

kumanovo16