Вести

Куманово вечерва повторно е убедливо најзагаден град, НВО профитерите никаде ги нема, СДСМ без решение веќе 27 години

Вечерва Куманово на ден 23 септември 2017 во 21:30 часот убедливо е најзагаден град во Македонија.

 

Концентрацијата на канцерогените РМ 10 честички е 98 mg/m3, а максималната дозволена граница е 50 mg/m3, што е големо загадување за во лето.

Инаку ова не е прв пат Куманово да биде најзагаден град во Македонија, а со месеци ги нема да се изјаснат Зоран Заев, Зоран Дамјановски и Оливер Спасовски кои со години беше секретар на општина Куманово како и Максим Димитриевски.

Режимот на СДСМ во Куманово трае полни 27 години, каде сто СДСМ ја има апсолутната власт со децении. Сето тоа доведе до фактот Куманово да биде најзагадениот град во Европа и во Македонија, а преку овој пример се докажува дека СДСМ нема никаков план за загадувањето.

Ги нема никаде ниту НВО платениците на Сорос и СДСМ, кои воопшто не се гризат за оваа еколошка најцрна точка во државата.

За жал, Кумановци продолжуваат да дишат отров.

Дно: СДСМ почнаа сами против себе да протестираат, владата не мрднува со прст за чист воздух

Група граѓани денеска со скандирања „Сакаме воздух, не се дише“ протестираа пред Владата, а меѓу присутните беа и видни лица од СДСМ кои протестираа сами против себе.

На протестот кој беше организиран од повеќе Невладини организации присуствуваа заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, министрите Дамјан Манчевски, Роберт Поповски и пратеникот Павле Богоевски. Меѓу присутните беа и кандидатите за градоначалници од СДСМ, Петре Шилегов, Саша Богдановиќ и Златко Марин.

Министрите и членовите на СДСМ од нивната Влада бараа чист воздух.

Организаторите на протестот побараа од Владата веднаш да преземе мерки за намалување на загадувањето на воздухот, а барањата ги доставија до Министерството за животна средина.

За апсурдот да биде поголем, Макрадули вчера одржа прес-конференција каде даде рече дека Владата формирала Интерресорска работна група од повеќе институции за следење на состојбата на амбиентниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека оваа прес-конференција претставува чист популизам во пресрет на претстојните локални избори.

-Тој практично вети дека ќе го исчисти владата загадениот воздух со протоколарни заложби и рестриктивни мерки кои одат на штета на граѓаните. Посебниот сообраќаен режим или воведувањето на мерката пар непар за возење на автомобили нема да го реши проблемот со загадениот воздух, туку само ќе ја зголеми нервозата на граѓаните и ќе ја потикне нефункционалноста за што ќе трпи и бизнисот како и граѓаните. Загадениот воздух нема да се исчисти со мерката на владата која ја презентираше Макрадули за зголемување на административните капацитети за проверка на оџаците на домаќинствата. Како министерство тоа може да го прават и сега, но откако тoa ќе го констатираат треба да понудат и конретно решение, се посочува во вчерашната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека сите мерки кои Макрадули ги презентираше се давање на иницијативи, а не конкретно делување што покажува дека ништо од ова нема да се оствари и оваа прес конференција е гол и примитивен популизам во однос на претстојните локални избори. На граѓаните им се потребни прецизни и сеопфатни мерки кои квалитативно ќе го подобрат загадениот воздух и животната средина.

Инаку во текот на изминатите месеци и цела годинана наназад ВМРО-ДПМНЕ константно ги предупредуваше граѓаните дека Куманово е еден од најзагадените градопви во Европа.

ВМРО-ДПМНЕ: Куманово најзагаден град во Европа, СДСМ без план и мерки против загадувањето

Ситуацијата во Куманово е алармантна. Изминатата ноќ, градот беше најзагаден во цела Европа, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПМ 10 честичките изминатата ноќ достигнаа дури 1.000 милиграми на метар кубен. Загаденоста е 10 пати повеќе од дозволената. Ситуацијата е сериозна.

Благодарение на СДСМ, кои повеќе од 27 години владеат со Куманово, градот секојдневно умира од тивка еколошка катастрофа од загаденост и водење негрижа за градот. Жално.

Како последица на рекордното загадување, со години во Куманово во пораст е бројот на лица со малигни заболувања. Во пораст се и другите заболувања кои се резултат на негрижата на локалните власти.

Додека карциномот тивко ги убива кумановчани, СДСМ нема никаков план и не презема мерки за загадувањето. Тие се одговорни што свесно ги оставаат кумановчани секојдневно да се гушат.

Ни трага ни глас од најавената гасификација на градот од страна на СДСМ. Единствено гледаме рушење рекорди со цената на гасот во Струмица, каде што Заев го набавува под сомнителни околности и суми.

Ги нема никаде ниту професионалните платеници од еколошките НВО на СДСМ и Сорос, кои што се активираат само по нарачка. Тие со својот лицемерен однос криејќи се, избегнуваат да преземат било што во врска со заштитата на здравјето на кумановчани.

Куманово синоќа повторно беше најзагаден град во Европа: Граѓаните дишат канцероген воздух среде лето, СДСМ без решение 27 години

Куманово синоќа повторно беше најзагаден град во Европа. Во 23 часот загаденоста со PM 10 честички беше 160 мг/м3 иако максимално дозволената граница е 50мг/м3.

Загрижувачки е фактот што ваква висока загаденост се јавува во лето, кога обично воздухот е почист.

Отворените прозорци се ризик за секое семејство и секој жител на Куманово, но особено за децата, болните и постари лица.

За жал, поради негрижата и неспособноста на СДСМ која трае веќе 27 години, во пораст се карциномите и останатите малигни заболувања.

Алармантно: На 26-ти август енормно загадување!

На 26-ти август годинава во Куманово буквално не можеше да се дише. Таа ноќ беа измерени 272 мг/м3.

Тоа значи дека во градот со кој раководи Зоран Дамјановски од СДСМ, загадувањето беше 500 процентно поголемо од максимално дозволеното.

СДСМ веќе 27 години ја има неприкосновената власт во Куманово. Но, премиерот Зоран Заев, градоначалникот Дамјановски и пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски не прават ништо за граѓаните иако добија гласови во Куманово.

КУМАНОВО Е НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО КОНТИНУИТЕТ!

Овие фрапантни податоци граѓаните на Куманово не ги сведочат прв пат. Градот е во континуитет најзагаден во Европа. Градот во кој СДСМ е на власт 27 години нема чист воздух. Загаденоста е енормно голема и тоа се одразува и на здравјето на голем број на граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше мерки за намалување на загаденоста, а Куманово каде со години раководи СДСМ е најзагаден град

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција побара од градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски итно да преземе конкретни мерки со цел намалување на загаденоста во Куманово.

Во предизборната кампања СДСМ ветуваа мерки за намалување на загаденоста, а во Куманово каде што раководи СДСМ со години не се преземани никакви мерки.

-Во моментов Куманово е најзагадениот град во Република Македонија со концентрација на ПМ 10 честички од 220 mg/m3. Очигледно е дека градоначалникот и локалната самоуправа не прават ништо и не преземаат никакви мерки со цел намалување на загадувањето во нашиот град. Да беше спротивно, Куманово денеска немаше да биде лидер во загадување во нашата држава. Сведоци бевме дека СДСМ во изборната кампања ветуваше мерки со кои ќе ја намали загаденоста. Се поставува прашањето зошто во општина со која раководи СДСМ не се преземале овие мерки. Бараме од градоначалникот на општина Куманово, во најкраток можен рок да преземе конкретни мерки за итно намалување на загаденоста. Граѓаните на Куманово заслужуваат одговорна локална власт која сериозно ќе пристапи на решавање на ваквите реални и конкретни, истакнаа на прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ.