среда, 21. февруари 2018. Вести денес: 24
home Вести

Куманово и Струмица вечерва се убедливо најзагадените градови, Заев и СДСМ со децении лажеа дека ќе го решат проблемот со загадувањето

Куманово и Струмица вечерва се убедливо најзагадените градови, Заев и СДСМ со децении лажеа дека ќе го решат проблемот со загадувањето

Куманово и Струмица вечерва се убедливо најзагадените градови во Македонија. Зоран Заев и СДСМ со децении лажеа дека ќе го решат проблемот со загадувањето.

Овие два града вечерва повторно се гушат во смог, мерните станици за квалитетот на воздухот, покажуваат ниво на загаденост 5 пати над нормалата.

Мерната станица во Куманово бележи најголема загаденост, таму ПМ10 честичките се искачија до 271 микрограми на метар кубен што е многу повеќе од дозволената граница, загаденоста во Струмица пак, 252 микрограми на метар кубен.

Додека градовите низ Македонија се гушат во канцерогениот воздух, а мерачите на загаденост прегореа, премиерот Зоран Заев и неговите градоначалници не мрдаат.

Граѓаните се повеќе се загрижени за неодговорноста на локалната власт и на владата во однос на загадувањето.

Додека лагите и безцелните ветувања на СДСМ, испливуваат на површина, граѓаните се повеќе ги чуствуваат последиците од загадениот воздух, а болниците се преполни од пациетни со распираторни заболувања.