Вести

Костовски: Вчера се изјаснија дека се против Крст, денеска шкртаат имиња на светци- ова ли е животот?! (ФОТО)

Вчера се изјаснија дека се против Крст, денеска шкртаат имиња на светци, напиша кандидатот за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски.

-Јас разбирам да ми го шкртаат мојот лик на плакат или слично, но како да разберам некој да шкрта со спреј каде што го пишува името на СВ Наум!! Вчера се изјаснија дека се против Крст! Денеска шкртаат имиња на светци! КАДЕ ВОДИ ОВА??? ОВА ЛИ Е ЖИВОТ!!!, напиша Костовски на својот Фејсбук профил.

Инаку во вчерашната емисија „Само вистина“ на ТВ Канал 5, противкандидатот на Костовски, Велимир Смилевски од СДСМ јавно истакна дека тој и неговата партија се против крстот кој требаше да биде поставен во Бутел.