Вести

Костовски: СДС наместо да вложуваат во реални сектори каде што е потребно, тие решија 12.5 милиони евра да ги користат за личен луксуз на врхушката на власт

СДС наместо да крати како што велеа и самите од непродуктивните трошоци, тие ги дуплираат во однос на лани. СДС наредната година за свој личен и луксуз на функционерите од СДС во новиот Буџет под ставката дневни и патни трошоци предвиделе 770 милиони денари или 12.5 милиони евра. Ова е два пати повеќе од тоа што се предвидело во ланскиот Буџет, кога изнесуваше околу 7 милиони евра, истакна Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

 

-Во предизборието најавуваа кратење на непродуктивните трошоци, па очигледно видоа дека се сведени на миниум од страна на ВМРО-ДПМНЕ и решија да ги дуплираат трошоците за свое лично луксузирање.  СДС наместо да вложуваат во реални сектори каде што е потребно како образование и здравство, тие решија 12.5 милиони да ги користат за личен луксуз на врхушката на власт, рече Костовски и додаде:

„Додека ги учеа граѓаните да одат на работа со автобус и велосипед, СДС трошат 12.5 милиони евра годишно за дневни и патни трошоци.  Граѓаните конечно гледаат дека СДС и Заев ги манипулираа граѓаните. Очигледно нема пари за решавање на егзистенцијата на над 120 семејства во Колска и над 280 вработени во Еурокомпозит кои се на работ на преживување, но затоа има пари за личниот луксуз на функционерите на СДС. Ова е начинот на кој СДС е научен да владее. Луксуз и расфрлање со народни пари“.