Вести

Костовски: Наредниот период ќе покаже кој ќе биде излажан од криминалецот Зоран Заев

Наредниот период ќе покаже кој ќе биде излажан од криминалецот Зоран Заев, истакна на денешната прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Костовски

Дали ќе бидат излажани лидерите на албанските партии кои јавно изјавуваа дека добиле согласност од СДС за реализација на елементите од тиранската платформа или ќе бидат излажани граѓаните на Република Македонија кои вчера беа сведоци на гаранциите дадени од Заев дека нема да реализира туѓи платформи и декларации.

Тоа што е најважно во моментов е дека гаранциите постојат и дека се деблокираат процесите. Сите овие процеси ќе се деблокираа многу порано, доколку Заев ја прифатеше понудата да ја отфрли тиранската платформа и да се откаже од реализација на елементите содржани во неа.

Од денеска, со исполнувањето на законската можност отпочна и исплатата на субвенциите во земјоделието. Помагањето на земјоделието и земјоделците секогаш било и ќе остане фокус на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Земјоделците добија над една милијарда евра субвенции додека ВМРО во изминативе 10 години го имаше мнозинството и одлучуваше околу земјоделската политика, за разлика од времето на СДС кога земјоделците не добиваа ниту евро помош од државата.

Со денешната исплата, паднаа во вода манипулациите кои СДС и од нив контролираните медиуми кои ги ширеа дека нема пари во буџетот. Буџетот е ликвиден и пари за земјоделците се обезбедени и согласно динамиката за исплата ќе бидат исплаќани.

Штетната политика која СДС ја води и лажните шпекулации излегоа на виделина.

Впрочем ваквите состојби кои се случуваа во земјоделието, освен што се резултат на деструктивните политики кои СДС ги превзема сега, резултат се и на апсурните законски решенија на кои СДС инсистираше во минатото. Тоа само покажува колкава кусогледост и безидејност владее во СДС и какви погрешни политики оваа партија испорачува на штета на граѓаните во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ останува на страна на земјоделците и ќе продолжи да се бори за нивните интереси.