Вести

Костовски до Смилевски: СДСМ донесе неред и немир по улиците, за ваков живот во Бутел се борите?

Активисти на СДСМ веднаш после првиот круг од локалните избори пукаа со огнено оружје. СДСМ донесе неред и немир по улиците на Бутел, истакна кандидатот за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, кој гостуваше во „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

-26 години се нема случено во општина Бутел со огнено оружје некој да пука после некаков изборен резултат. За што се борите, за ваков живот во Бутел се борите, запраша Костовски и додаде дека инцидентот се случи пред изборниот штаб на СДСМ во Расадник на улица Бутелска.

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од СДСМ Велимир Смилевски, во недостаток на аргументи и бранејќи се истакна дека тој не е информиран за овој настан.

-Ние имаме во Бутел 2.000 членови и не може секој член да се следи, рече Смилевски.

-Секоја чест за информираноста, и за вашите членови, додаде Костовски.

Инаку, овој инцидент не беше осуден до сега од страна на партијата СДСМ.