Вести

Костов: Хан и европратениците ќе вршат невиден притисок врз претседателот Иванов

Аналитичарот Сотир Костов смета дека комесарот Јоханес Хан доаѓа за да изврши притисок врз претседателот Иванов за да ја смени одлуката и да му го даде мандатот на Зоран Заев.

 

sotir-kostov

– Очекувам дека господинот Хан и тројцата европратеници ќе вршат невиден притисок врз претседателот Иванов, врз ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски во смисла, првиот да ја смени одлуката за недавање мандат на Зоран Заев, а вториот како победник да прифати други да владеат во РМ, поточно, три албански политички партии и една албанизирана политичка партија СДСМ, вели Костов. Но, тој е сигурен дека граѓаните на Република Македонија тоа нема да го дозволат.

– Дојде време кога тие суверенитетот ќе го земат во свои раце и ќе го одбранат Уставот на Република Македонија со се што е внатре напишано, во смисла на унитарност, мултикултурност, а не бинационалност, билингвалност и давање на специјален статус на албанскиот јазик и онеправдување на Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите и Македонците, појаснува Костов.

За него, пресврт би било прифаќањето на Јоханес Хан да се сретне со идејните творци на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија# Борис Дамоски, Богдан Илиески, Игор Дурловски и 150 до 200 илјади граѓани кои стојат зад нив и кои секојдневно маршираат по улиците на градовите низ Република Македонија.

– Е, во тој случај ќе знаеме дека господинот Хан и европратениците ги ценат граѓаните на Република Македонија. Сето друго е лицемерие. Можеби, ќе беше поинаку доколку тие од Брисел претходно порачаа дека одлучно се спротивставуваат на мешањето на Тирана и Приштина, односно на Еди Рама и Хашим Тачи и одредени пратеници во нивните собранија, во внатрешните работи на Република Македонија, дека тоа не само што не е добрососедски гест, туку и дека е надвор од сите принципи и правила на меѓународната дипломатија, изјави Костов.