Вести

Костов: Големи се апетитите околу распределбата на функциите за новата Влада

Апетитите околу распределбата на функциите за новата Влада се големи. СДСМ не е долго на власт, БЕСА е нова партија и таа е гладна за власт, од ДУИ веќе знаат што е власт . Од денеска започнати се најтешките процеси што еден мандатар ќе ги има за да дојде до одлука за составување на Влада од причина што помеѓу коалициските партнери  има „плус и минус“, „деструктивно и помалку деструктивно“, смета политичкиот аналитичар Сотир Костов.

Во интервју за ТВ НОВА тој потсети на слоганите на политичките партии и искоментира дека меѓу нив има такви што се контрадикторни една со друга.

„СДСМ одеше на избори со слоганот „Да го вратиме животот во Македонија“, БЕСА одитде на избори со „редефинирање на Македонија“. Се прашувам кој кого ќе убеди да го прифати неговиот слоган? Од ДУИ порачаа „Одлучуваме заеднички“ и не ме убедија. Ако беше така во никој случај немаше да го погазат непишаното правило за коалиција на победник со победник. Тие не сакаа да одлучуваат заедно со победникот на овие избори“, рече Костов.