Вести

Коневски му ја честита победата на Марин: Заминуваме со крената глава, затоа што создадовме многу за нашиот Аеродром

Заминуваме со крената глава затоа што создадовме многу за нашиот Аеродром, напиша кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, на својот профил на „Фејсбук“.

Тој му ја честита победата на Златко Марин од СДСМ.

-Почитувани граѓани, дозволете ми на крајот од овие локални избори јавно да му ја честитам победата на мојот противкандидат Златко Марин и да му посакам успешна градоначалничка кариера. Исто така, им се заблагодарувам на сите граѓани кои осум години нѐ подржуваа, како и голема благодарност до сите мои соработници кои и во најтешките моменти останаа со мене. Функциите се минливи, но нашите дела остануваат бесмртни, а нашите поддржувачи можат да бидат горди на тоа што го направивме изминатите два мандата. Заминуваме со крената глава, затоа што создадовме многу за нашиот Аеродром, напиша Коневски.