Вести

Коле Манев: Изјавата на Костовски е непромислена, секој Македонец треба да ја брани државата без разлика каде е роден

Неговата изјава е непромислена бидејќи таа открива некои работи кои се крајно историски невистинити, после граѓанската војна во Грција во 1946 и 1949 година кога околу 300 илјади Македонци беа протерани од Егејска Македонија и подоцна повеќе од половина век ни беше забрането да се вратиме во нашите родни места, вели ликовниот уметник Коле Манев.

-Во 1982-та година во грција е донесен закон во кој се вели дека политичките бегалци можат да се вратат само тие кои ќе се по род Грци, значи повторно од тие кои беа протерани од граѓанската војна имаме селекција, Грците можат да се вратат Македонците не можат. Една од поточките во законот вели: Можат и другите да се вратат, но при враќањето треба да потпишат дека се Грци, е сега ако се вратиме на тезата на Трифун Костовски кој вели дека еден од организаторите да сме отишле во Грција и таму да ги браниме правата на Македонците. Ако јас решам да одам да живеам во Грција треба да потпишам дека јас сум Грк, а јас ако направам такво признание дека сум Грк по која логика ќе ги бранам правата на Грција во Македонија?, прашува Манев.

Тој смета дека изјавата на Костовски е крајно несреќна и на прашањето дека на Костовски кој е родум од тука со протестите му се рушело неговото живеење со Албанците вели:

– Ако Република Македонија кога е во опасност треба да ја бранат само тие што се овде родени, а другите не, тоа е погубно. Секој Македонец без разлика каде е роден, во Егејска или Пиринска Македонија, кога државата ние во опасност треба да ја браниме сите заедно. Не значи дека јас ако сум роден во Егејска Македонија таму не можам да се вратам, а со тоа не припаѓам никаде. Без разлика што сум таму роден оваа земја е и моја и на секој граѓанин кој живее овдека и на Македонци и на Албанци, Срби, Турци, Роми и затоа е девизата на протестите ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА и тоа е убавината и не се прави селекција кој има право, по етничка основа, туку да живееме како граѓани кои тука живееле со векови Македонци. Албанци, Турци и сите други етнички групи, истакна Манев.

Манев вели дека како човек од Егејска Македонија после сето тоа што го поминале не му треба извинување од трифун Костовски или од било кој друг и покрај тоа што смета дека неговата изјава е непромислена и глупава.

-Ако Трифун Костовски има потреба или чувствува некому потреба да се извини, тоа треба да го направи на Македонскиот народ.