Вести

Кичевчани порачаа: Цврсто стоиме на ставот ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, нема место за делби по никакви основи

Пред платото на Домот на културата во Кичево продолжи протестот „За заедничка Македонија”, на кој вечерва на присутните им се обрати Даме Силјаноски во име на граѓанската иницијатива.

 

–  Се поголема е силата на македонскиот народ кој во овие тешки мигови се обединува. Цврсто стоиме на ставот за заедничка Македонија, нема место за делби по никакви основи. На сите што сакаат да си поигруваат со државните и националните интереси им порачуваме дека нема да им помине. Овој народ е обединет, народот ја препозна намерата и нема да дозволи разнебитување на нашата држава. Во неа има место за сите нејзини граѓани. Повикуваме на сплотеност и на разум. Нека се замислат сите дека никој не може против народот, рече Силјаноски на протестот кој беше поддржан кичевски моторџии.