понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 162
home Вести

Кичевчанец си го чистел дворот и нашол граната од Прва светска војна

Кичевчанец си го чистел дворот и нашол граната од Прва светска војна

Кичевчанецот Г.Н.(57)  при чистење на дворот од сопствената куќа пронашол артилериска граната калибар – 110 мм од Првата светска војна.

Како што соопшти МВР, случајот вчера бил пријавен во Полициската станица Кичево.

Од страна на припадници на Дирекцијата за заштита и спасување пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.