Вести

Ќе се платат 850 илјади евра за надзор на автопат кој е изграден

Владата на премиерот Зоран Заев наместо да го пушти во употреба веќе готовиот автопат Демир Капија – Смоквица, го продолжи рокот за уште четири месеци, и во тој период ќе потроши 850 илјади евра за дополнителен надзот. Автопатот не се пушта во употреба пред избори, само затоа што е изграден од претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Дури 850 илјади евра ќе ги чини граѓаните дополнителниот надзор на автопатот, кој е веќе завршен. Ова уследи откако Владата го пролонгираше рокот и за автопатот Миладиновци – Штип.

Владата одлучи дека ќе се потпишува анекс и на договорот за изградба на оваа траса. Новиот рок за завршување на работите истекува на 28 февруари следната година но тие нема да бидат градежни.

Зошто ќе се чека на пуштање на автопатот догодина кој инаку е готов од Владата нема конкретно објаснување. Дека делницата е готова и по нејзе може да се вози, сведочат и видео записите кои се објавени во јавноста. На нив се гледа дека автопатската делница е целосно готова и безбедна за сообраќај.

За овие дополнителни трошоци од Владата реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на СДС на веќе завршен автопат кој се чека да се пушти во употреба прави анекс на договор со подизведувачите кој чини 850 илјади евра, пари кој ќе бидат платени од државниот буџет. Значи готов автопат, намерно го одолговлекуваат поради изборите, а граѓаните тоа ќе го платат со 850 илјади евра. Скандалозен анекс кој не се однесува на градежни работи туку на надзор, истакна Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочува дека со ова се врши директна злоупотреба на парите на граѓаните и отвора сомнеж за тежок криминал кои СДС, Заев и Сугаревски свесно сакаат да го направат.

-Погледнете ја оваа снимка каде што директно покажува дека автопатот Демир Капија – Смоквица е целосно готов, но владата на СДС и Зоран Заев не го пуштаат во употреба пред избори само затоа што автопатот е изграден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Според снимката која ја погледнавте, фактичката состојба на терен покажува дека автопатот е готов и подготвен за возење, но поради лични хирови на Зоран Заев и СДС свесно се одолговлекува неговото пуштање, а граѓаните се принудени да кружат по споредни патишта. Новиот автопат се протега од излезот на Демир Капија преку село Миравци до Смоквица каде што се поврзува со постојниот автопат. Има две клучки, кај Миравци и кај Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста со должина до 100 до 500 метри, шест подпатника и два подпатника. Со неговата изградба на овој автопат патувањето од Гевгелија до Демир Капија е скратен од 40 на само 15 минути, а инвестицијата изнесуваше 218 милиони евра, посочува Јовановски.

Со завршувањето на делницата, со што ќе се комплетира Коридорот 10, патот од Демир Капија до Гевгелија ќе се скрати од 40 на 15 минути возење. Делницата која почна да се гради во 2013-та, има две клучки, кај Миравци и кај Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста со должина до 100 до 500 метри, шест подпатника и два подпатника.

Инаку, слично и на овој проект, Владата го пролонгираше до септември следната година и рокот за изградба на автопатот Миладиновци – Штип, кој требаше да биде готов до мај оваа година. Со кинеската „Синохидро“ е договорено до 15 февруари следната година да нема меѓусебно наплаќање пенали. Изградбата на овој автопат чини 206 милиони евра.