Вести

Кавга во СДСМ: Кармата се враќа, Палчо го полеа Героски со боите со кои тој и „Шарените“ го нагрдуваа Скопје (ВИДЕО)

Новинарот Бранко Героски го извлече најдебелиот крај пред кафулето Манда, откако Љупчо Палевски врз него истури боја.

 

-Еве ти револуција, фарба со национални бои, Шарена револуција. Тоа е шамарот Геро. Тоа ти е таа твоја Шарена револуција, од тебе не сум задоволен, сега те фарбам киако ти што фарбаше згради. Добра е револуцијава? Завршив со тебе. Јас не сум задоволен и сум шарен револуционер, ја продолжувам револуцијата и чао, му рече Палевски на Героски, притоа поливајќи го со боја.

По ова „тепачката“ и официјално заврши, а Героски остана да стои пред кафулето целиот обоен во црвено -жолтата боја.