Вести

Каракачанов открива што потпиша неспособниот СДСМ: Ако не се сложиме дека Гоце Делчев и Илинденците се Бугари, ќе има меѓународни последици

Лидерот на националистичката ВМРО-БНД Красимир Каракачанов кој е и минситер за одбрана на Република Бугарија по повод потпишувањето на договорот меѓу Владата на СДСМ и Бугарија даде неколку контроверзни изјави кои ја откриваат целата вистина која Заев, Шекеринска, Димитров и медиумската ергела на СДСМ сака да ја сокрие со релативизирање и со замена на тези.

Каракачанов во интервју за бугарската Нова ТВ соопшти дека договорот кој се случил поради храброста на Заев ќе ја отвори перспективата на Македонија кон ЕУ, но и дека непочитувањето на потпишаниот договор ќе повлече меѓународни санкции за Македонија

Каракачанов: Благодарение на храброста на Заев и неговата желба да се завршат овие глупави расправии и да се покаже еден нов импулс, да се отвори перспективата на Македонија за членство во ЕУ, на тоа се должи договорот, на волјата да се заврши со излишните дразби тука на Балканите меѓу едни луѓе меѓу кои всушност.. нема разлика

Нова ТВ: Каква тежина има договорот, имаше коментари дека да, сето ова е прекрасно, но дека практично никој нема магично стапче за да ги реши проблемите…

Каракачанов: Овој договор ќе биде заверен во Обединетите нации, тој е договор меѓу две држави и кога една од двете држави нарушува некој меѓународен договор, има меѓународни последици, не може да имаш договор и да не го почитуваш“.

Ова значи дека доколку некоја влада, оваа или било која идна, не го почитува капитулантскиот договор во кој Заев прифати се што Бугарија побара, а не се избори за ништо што е македонски интерес, тогаш Бугарија ќе не блокира за влез во Европската унија.

Каракачанов во неколку наврати имаше контроверзни изјави, па така во сред Скопје истакна дека Илинденското било најдоброто бугарско востание.

Според него, нема зошто да го делиме Гоце Делчев.

Лидерот на ВМРО-БНД, исто така, договорот на Бугарија со Владата на СДСМ како претставник на Македонија го нарече историски, а на Бојко Борисов му предвиде дека поради одличните позиции за Бугарија на кои се сложи Заев, тој ќе биде славен во историјата исто како царот Борис Обединителот – односно човекот кој во сорабока со Централните сили ја проширува Бугарија во рамките на нејзините Санстефански граници во кои комплетно Бугарија ја окупира Македонија. Ова е веројатно уште еден историски факт кој после потписот на Заев ќе треба да се промени, па наместо окупатори да ги нарекуваме Бугарите – обединители.
На крај може да се заклучи дека навистина, што најави, тоа и исполни Заев – ја свитка кичмата кон сите соседи. Резултатот: продажба на историјата и идентитетот, како продолжување на политиките за распродажба на државата.