Вести

Какво време не очекува за викендот?

Температурите утре ќе се спуштат за дополнителни два до три степени во однос на денешните, особено кон истокот на земјата. Според УХМР, утринските темпераратури утре ќе бидат во интервал од – 6 до 3 степени. Позначајно спуштање ќе се почуствува во Кривопаланечко, во Пелагонија и во пониските делови од скопската котлина.

Зголeмување на утринските температури се очекува од вторник кога насекаде ќе бидат над нулата.

Северниот ветер ќе продолжи да дува и за викендот, а повторно ќе засилува и тоа на север, по Повардарието и кон исток во недела. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб краткотраен дожд, а на планините од слаб снег преку ноќта. Дневните температури од недела брзо ќе се покачат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела, тие ќе се надминуваат 20 степени, пред се на југоистокот.