понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 162
home Вести

Какво ќе биде времето овој празничен викенд?

Во недела и понеделник ветерот ќе биде слаб и ќе се менува кон јужен. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Какво ќе биде времето овој празничен викенд?

Времето за време на викендот и на новогодишната ноќ ќе биде стабилно и суво. Утре ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Во недела и понеделник ветерот ќе биде слаб и ќе се менува кон јужен. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Температурата денеска ќе биде од три до девет, а утре од минус пет до три степени.

Во Скопје слично време, денеска со температура до седум, а утре од нула до девет степени.

Во недела утринската ќе се спушти до минус седум, а максималната ќе се движи меѓу пет и 11 степени.

Во понеделник, на првиот ден од новата година, утринската ќе биде од минус пет до еден степен, а дневната од шест до 13 степени.