Вести

Јовановски: Владата на СДС го укина покачувањето од 5% на пензиите- повеќе од 300.000 пензионери веќе втор месец останаа без покачени пензии

СДС ги излажа пензионерите. СДС им го укина покачувањето на пензионерите. Пензионерите се извисени и станаа жртви на погубните политики на Зоран Заев и СДС. Владата предводена од СДС го укина покачувањето од 5% на пензиите и повеќе од 300.000 пензионери веќе втор месец останаа без покачени пензии. СДС и Зоран Заев пред парламентарните избори на пензионерите им ветуваа поголеми пензии и подобри услови за живот, а сега гледаме дека тоа беа само лаги и празни ветувања, Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во период четири ипол месеци не само што не реализираа ниту еден проект за доброто на пензионерите, туку сега им го укинаа и покачувањето на пензиите кое им следува по закон. 11 години во континуитет пензиите беа покачувани од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ, за сега откако повторно дојде СДС на власт за прв пат после 11 години да нема покачување на пензиите. Пензионерите се жртва на погубната политика на СДС. Пензионерите со ниски пензии се тие кои први ќе го почувствуваат ефектот од лошата економска политика и неминовната рецесија, која ќе значи повисоки стапки на инфлација и зголемување на невработеноста. Трошоците за живот се зголемуваат, а платите и пензиите се намалуваат. Во таквиот сплет на околности пензионерите стравуваат како ќе го истуркаат месецот. Тие исто така се загрижени дали ќе  успеат да ги покријат трошоците за сметки, лекови и храна.

СДС, додаде Јовановски, се задолжи за над половина милијарда евра кои никој не знае каде завршија, и се трошат пари на се и сешто.

-Владата се луксузира, а нема пари за планираното покачување на пензиите. Очигледно е дека СДС никогаш не се грижеле за пензионерите и нивниот живот. Ова не е прв пат СДС да удира по џебот на пензионерите. Претходно кога беа на власт тие им укинаа по 8% од пензиите, а сега им кратат од планираното покачување на нивните пензии. Ветуваа живот, ветуваа еднакво општество за сите, а донесоа укинување, стопирање и сиромаштија. Пензионерите, но и сите граѓани на Република Македонија го видоа вистинското лице на СДС. Тие нема да дозволат да бидат излажани. На 15-ти октомври СДС и Зоран Заев ќе ја добијат казната за сите лажни ветувања и сите манипулации.