Вести

Јовановски: Повик на војна е кога се закануваш со бомби и кога прифаќаш платформи со територијални претензии

Јас не повикувам на војна, други повикуваат, тоа е мое чувство и мое стравување и воедно апел до јавноста ако може да се вразумиме од овде каде што сме доведени, рече на гостувањето на Телевизија 24, актерот Владо Јовановски.

-Уметници има многу професори на академијата, како што е и Петар Арсовски со кои не сме пријатели ниту на Фејсбук ниту во приватен живот, иако јас сум се обидел. Потсетете ме зошто пишуваше за бомби, уценувања мислејќи на ДУИ, велејќи да им пуштиме еден непристоен предлог, едно бомбиче. Зарем тоа не е повикување на војна, вели Јовановски.

Каде е разликата на тежината на тој и мојот пост, јас не заговарам, додава тој. Јас само стравувам.

-Сите слушнавме како на Топ Ченел, Заев вели дека СДСМ ги прифатил сите услови од албанската платформа. Јас само изразувам загриженост дека ситуацијата до која сме доведени е дека други повикуваат на војна, вели Јовановски.

-Еден конгресмен се залагаше за поделба на Македонија по етничка територија меѓу две држави па тоа што ќе останело да се одлучеле ак со која држава ќе живеат. Дали има некој нормален и овде и во јавноста што мисли дека тоа може да помине без војна? Тој понуди тоа што ќе останело да сме се одлучеле дали и со кого да одиме. Мислите дека така територијално како што некој се залага за кантони, тоа не е вовед во криза и не е повик за војна?  Зошто нашата лицемерна јавност кога се случуваат такви работи а доаѓаат секој ден од разни страни зошто не реагира дека тоа е отворен повик за војна, запрашаа тој.

Им упати и прашање на сите присутни и одредени медиуми, зошто вака не реагирале кога еден новинар повикал на убиство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку актерот за време на дебатата е постојано прекинуван како од водителот така и од учесниците, во неможност да ја заврши мислата и да се изјасне до крај.