Вести

Јачева- Улчар: Законот за јазици излегува надвор од Уставот, го намалува статусот на македонскиот јазик

Ние како јазичари сметаме дека предлог законот за употреба на јазиците излегува од рамките на Уставот, изјави во емисијата Алфаскоп на Алфа телевизија професорката од Институтот за македонски јазик д-р Елка Јачева- Улчар

Со Уставот е предвидено официјален и службен јазик на целата територија на Македонија дека е македонскиот јазик. А дека секаде каде што има население кое што е повеќе од 20% независно дали е албанско, турско, српско, таму треба на сите наслови на јавни установи, институции да оди најпрво македонскиот јазик и потоа да оди по процентуална застапеност другиот јазик, потенцираше Јачева- Улчар.

Таа нагласи дека на овој начин и со ваков закон се намалува статусот на македонскиот јазик и практично значи дека на целата територија на Република Македонија во употреба ќе бидат паралелно и двата јазика, независно од процентуалната застапеност.

– Другото што го видовме во овој закон е дека албанскиот ќе биде користен и во меѓународна употреба, што значи дека статусот на македонскиот јазик се намалува. Имаме два официјални јазика во една земја во која што не постои реален билигвализам. Во ваква ситуација каде што само во еден појас на Македонија постои употреба на албанскиот јазик при што немаме билигвизам, рече професорката Улчар.

Таа посочи дека пред 30 години македонскиот јазик беше тоа кохезивно средство кое ги обединува сите заедници што живеат во Македонија, но денес ситуацијата е поинаква затоа што младата албанска популација речиси воопшто не знае македонски јазик.

– Законите би требало да ја констатираат или регулираат постојната ситуација. Во овој случај немаме официјализирање на реална јазична ситуација, особено што околу 20 години наназад ние немаме спроведено попис, потенцираше Јачева- Улчар