Вести

Изменет времен сообраќаен режим на делницата Пресека-Песочани

На магистралниот пат А2. делница Кичево-Охрид од Пресека до Песочани денеска од 15 часот ќе има времена измена на режим на сообраќајот.

 

На оваа делница сообраќајот ќе се одвива со преминување од една на друга коловозна лента во должина од 2,5 километри.

Ваквиот режим на сообраќај ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево-Охрид.

Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента, во должина од 2,5км.