Вести

Изборен скандал: Граѓанин од Прилеп кога дошол на гласачко место видел дека веќе за него некој имал гласано

Се појавуваат се повеќе докази за изборниот фалсификат и огромни неправилности кои се случувале на локалните избори кои беа одржани во неделата.

 

Граѓанин од Прилеп непријатно се изненадил во моментот кога дошол на избирачкото место и сакал да гласа, а од избирачкиот одбор му рекле дека веќе на негово место гласал друг граѓани и му го покажале избирачкиот список во кој на неговото место веќе стоел потпис кој не бил негов.

Ова значи дека претходно некој друг граѓанин веќе гласал и го искористил гласачкото право на граѓанинот кој не гласал, а изборните органи на чуден начин тоа не го забаележале или увиделе. Се претпоставува дека или членовите на избирачкиот одбор биле крајно и недозволиво немарни или пак биле притиснати, заплашени или поткупени од страна на владејачката партија на Заев.

Во врска со оваа изборна нерегуларност ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговор до Државната изборна комисија со кој бара поништување на гласањето на избирачкото место 1375 и прегласување. Во тек е расправа по овој приговор на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста се сеќава дека за ваков идентичен случај на парламентарните избори во декември 2016 година ДИК ги поништи гласањето на избирачкото место во Теарце, каде што исто така беше констатирано дека на местото на една повозрасна жена веќе гласал некој друг граѓанин.