Вести

Избор на нов управен одбор на босанското хуманитарно друштво „Мерхамет“

Денеска се изврши избор на нов состав на управниот одбор на муслиманската хуманитарна организација Мерхамет која постои 104 години со главно седиште во Сараево.

Со сите гласа „ЗА“, беше избран новиот претседател на управниот одбор во македонија, Џеват Хот.

-Верувам и тврдам дека новиот управен одбор ќе им излезе во пресрет на сите предизвици со кој ќе се соочи, дека доследно ќе работи на професионализмот и на одговорното работење на добротворната организација „Мерхамед“. Дека ќе ги постигне зададените цели што ќе ги постави и се надевам дека ќе им биде пример на сличните организации. Наш приоритет и стратешка цел ќе биде враќање на достоинството на сите што се во искушение на имање и немање, вели Хот.

Тој додава и дека предностите на оваа организација ќе бидат способност, транспарентност и приоритет, иновации и тимска работа.

-Нашата порака ќе биде да спроведуваме хуманитарни акции во најширока можна рамка, собираше донации и нивна испорака до корисниците. Учество во добротворни проекти во и надвор од земјата како и да држиме чекор во хуманитарните настани, како и да реагираме во интни случаи во согласност легитимноста и законот, потенцира Хот.