Вести

Нов доказ за фалсификат: Во Ресен најдени две гласачки ливчиња со ист сериски број во иста кутија

Изборите во недела прераснаа во невиден скандал, во Ресен се најдени две гласачки ливчиња со ист сериски број. Невозможно е да се појават две ливчиња со ист сериски број, доколку не станува збор за испечатени двојни гласачки ливчиња, со намена за полнење на кутии.

Изборите во недела поминаа целосно во знакот на нерегуларностите, уцени, криминал и поткуп. Скандалите не запираат да излегуваат. Но појавата на гласачки ливчиња со исти сериски броеви е доказ за испечатени два пара на гласачки ливчиња, со цел полнење на кутиите.

Имено во Ресен на избирачкото место 1631/1 биле најдени две ливчиња со ист сериски број, ова е практично невозможно и не може да се случи, доколку не станува збор за двојно испечатени гласачки ливчиња.

Владата и ДИК треба да одговорат како е возможно да се испечатат двојни гласачки ливчиња, надлежното јавно обвинителство треба веднаш и неминовно да спроведат истрага и да утврдат кривична одговорност за извршителот, нарачателот и спроведувачите на овој изборен криминал, кој од час во час зазема се поголеми размери.

Симптоматичен е односот на надлежните органи кои треба да покренат истрага за изборни нерегуларности, а во текот на целиот предизборен период не покренаа истрага и покрај тоа што во медиумите излегоа бројни фотографии и видео-докази за изборен поткуп и криминал. Пасивноста на органите на прогонот кои целосно се ставени под капата на СДСМ индицира на смислено и режирано сценарио за изборна кражба, со која неминовно мора да се занимаваат надлежните органи.