Вести

Албанските иселеници се мобилизираат: „Кичево не го даваме“, на 15-ти октомври сите во Кичево

Албанските иселеници од целата дијаспора на 15 октомври ќе го поплават Кичево. Како што дознава порталот „TetovaSot“ од некои агенции, тие почнале сами по своја сопствена иницијатива да резервираат авио билетите за да дојдат за поддршка на Фатмир Дехари.

 

-Да, точно е дека резервациите почнаа, некои се направени за една недела порано односно за на 10 октомври, некои на 15 октомври за да одат специјално за поддршка на Фатмир Дехари. Досега, ние резервиравме голем број на билети, и само што дознав дека дури и во некои други земји почнаа со авионски резервации “, изјави вработен во агенцијата во Швајцарија за ТетоваСот.

Медиумот  уште и додава дека голема поддршка во 2013 година, исто така, имаше од Соединетите Американски Држави, каде што им дадоа голем удар на ВМРО-ДПМНЕ и го победија нивниот кандидат.

За разлика на 15 октомври, кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, ќе се соочи со двајца македонски кандидати за повторно да го освои Кичево. Вреди да се истакне дека на овие избори Дехари има поддршка од сите албански партии, каде што ниту една партија не предложи кандидат со тоа што се натпреваруваат само со листа на советници.

-На овие избори, Кичево со иселениците ќе биде победник и така ќе остане во раката на Фатмир Дехари, се заклучува во текстот на ТетоваСот.