Вести

Интегриран модел за ефикасно учење на високообразовните институции

На Институтот за бизнис економија во Скопје денеска ќе биде презентиран интегрираниот модел за зајакнување на иновативноста и ефикасното учење кај високообразовните институции.

Настанот е дел од европскиот проект за иновативно стратешко партнерство за европско високо образование, финансиран од Европската комисија преку Еразмус плус програмата.

Проектот се фокусира кон креирање иновативен пристап за претприемничко образование и воспоставување врска меѓу високообразовните институции и бизнис-заедницата.

Во изминатите две години Институтот за бизнис економија во улога на координатор го имплементираше овој проект во соработка со четири високообразовни институции од Италија, Словенија и од Летонија.