Вести

„Инфомакс“: Не поминаа ниту 100 дена, а министрите на СДСМ се веќе длабоко завлезени во злоупотреба на парите на граѓаните и луксузирање на државна сметка

Оливер Спасовски заедно со лични пријатели се луксузирал на сметка на министерството, а заедно со него и неговото обезбедување /голем број телохранители ангажирани околу Спасовски, кое направило сметка од неколку десетици илјади денари, објавува порталот Инфомакс.

 

-Тој во еден елитен ресторан во близина на Крива Паланка заедно со неговите пријатели, со службени возила, според неофицијални информации направил огромна сметка, а од МВР денес не успеавме да добиеме информација со оглед на тоа што било неработен ден. За приватна прошетка Спасовски си се развезува со голем број службени возила со кои бил запоседнат целиот паркинг на ресторанот од службените возила со кои се развезува приватно Спасовски, пишува Инфомакс.

Како што дознава порталот, луксузот бил ставен на фактура на МВР.

Бидејќи во неколку наврати досега МВР одбива да одговори на нашите прашања во врска со случувањата во Љуботен, јавно го прашуваме Спасовски, колку чинеше денешниот ручек со неговите пријатели платен со народни пари?