Вести

Илиевски: Нема да помине ниту еден обид за измама на македонските граѓани

Неприфатливо е што лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев и понатаму ја промовира платформата на Рама, порача од пред Собранието еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски.

бетмен

Вели дека во Тиранската платформа се бара воведување двојазичност на територијата на Република Македонија, се разговара за промена на знаме, химна, грб, воведување на двојазични банкноти и униформи на армијата и полицијата, како и декларација за осуда на геноцид на партизаните кои ја изградија Асномска Македонија.

– Прашањата кои се државно и национално одбележје не смеат да бидат предмет на пазарање, манипулирање ниту на различни толкувања, туку за сите овие прашања потребно е да одлучуваат граѓаните, истакна Илиевски.

Вели дека нема да подлегна на ниту една манипулација или обид на мала врата да се протнат работите кои албанските партии ги договорија во Тирана, а Зоран Заев ги прифати.

– Нема да помине ниту еден обид за измама на македонските граѓани. Да градиме мултиетничка, а не бинационална држава, категоричен е Илиевски.

Тој ги повтори барањата на граѓанската иницијатива за јасно и недвосмислено отфрлање на платформата направена во Тирана.

-Граѓанската иницијатива За заедничка Македонија продолжува со народните протести се до целосно исполнување на нашите барања, соопшти Илиевски.