Вести

Хаосот во здравството продолжува: За Таравари е поважно да има албански ора на Суперкупот отколку гинеколог во Шутка

Министерот за здравство Арбен Таравари се’ уште го нема исполнето ветувањето кое им го даде на жителите на Чаир веднаш откако влезе во Владата, дека „за една недела ќе има гинеколог во Шуто Оризари“.

Владата влезе во последната третина од првите 100 дена во кои Шутка се’ уште нема гинеколог, а од министерството на Таравари не прецизираат кога ќе заврши процедурата. Гинекологот во Шуто Оризари беше еден од приоритетите на новата влада кога е здравството во прашање.

Но, наместо да го реши овој проблем, Арбен Таравари се занимава со националистички изјави. Додека бремените жени во Шутка се надеваат на него и неговата работа, тој е зафатен со коментирање на играорците од Суперкупот.

„Таравари заедно со Бујар Османи, Беса Арифи и другите „благонадежни“ интелектуалци од албанското малцинство во Македонија се меѓу ретките луѓе на планетата Земја кои можат да лоцираат повреда на мултиетничноста на земјата во играњето оро, а Таравари е сосема сигурно единствен министер за здравство во светот кој наместо да работи на подобрување на состојбите во ресорот, се занимава со скандализирање на играорци и ора“, се вели во еден коментар на Фејсбук од граѓани кои реагираат на националистичките ора на кои се фатени министрите од ДУИ и ДР-ДПА.

Владеењето на Таравари со ресорот здравство е проблематично од првиот ден, и нема ниту трага од позитивните очекувања кои ги имаше јавноста поради неговата професионална биографија како добар лекар.

Наместо со здравство, Таравари започна да се бави со пи-ар акции, па го чистеше дворот на клинички и сакаше тоа да го „продаде“ како голема активност.

Кога во гостиварско се јави непозната треска од која умираа луѓе, наместо да остане дома и да ја контролира работата на терен, тој замина за Америка да дава платени интервјуа во кои ќе раскажува колку добар министер е. Во меѓувреме ги нема најавените реформи во здравството и нема ниту трага од 100.000 денари плата за лекарите кои ги вети СДСМ.

Но, она што го има благодарение на Таравари и СДСМ е поставувањето на фармацевтски компании на чело на клиники и создавање на ситуација во која татко и ќерка меѓусебно ќе си потпишуваат договори за набавки на лекови. Секако, не смееме да го заборавиме и поставувањето на лица со криминално митаџиско досие на чело на болници, само затоа што се партиски војници.

И како капак на се, наместо со најава за некој проект, набавена опрема или почеток на изградба на болница, наместо со најава за гинеколог во Шутка или повисока плата за лекарите, Таравари се огласува во медиумите со изјавата дека ората „Малешевско“ и „Копачка“ кои беа изведени на почетокот на супер купот во Скопје, биле голем инцидент, и поради нив министерот Таравари чувствувал голем презир и жалење.

Погледнете го уште еднаш големиот инцидент кој е опсесија деновиве за министерот за здравство и причина да не се занимава со проблемите во здравството, туку со сопствената психа која е под голем притисок поради овој „голем инцидент“ за кој дојдоа пофални зборови од речиси сите 200 земји во кои беше пренесуван Суперкупот од Скопје.