Вести

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ заедно со новите кадри и програма за граѓаните е подготвена за нова победа на локалните избори

Мислам дека граѓаните ни веруваа и ќе ни веруваат затоа што работиме чесно, се трудиме да направиме се што е можно за граѓаните и за нивен поквалитетен живот, за решавање на нивните проблеми и земјата да оди напред и да стане членка на ЕУ и НАТО, ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва во емисијата „200“ на телевизија Алсат.

 

-Во сето ова имаме вложено години и денови зад нас и имаме резултати кои што се видливи и имаме најдобра програма, подготвуваме нова визија за наредните години која што во поток ќе биде презентирана пред народот. При изборот на новиот извршен комитет внимавав да има дел од поискусните кадри, но да има и простор за нови кадри со нови идеи и свежина со кои заедно ќе одиме кон новите победи, порача Груевски.