петок, 23. февруари 2018. Вести денес: 80
home Вести

Груевски: Рабирам дека Судот е под политички притисок, но секој судија треба да одлучува согласно законите

Груевски: Рабирам дека Судот е под политички притисок, но секој судија треба да одлучува согласно законите

По паузата од еден час дадена на денешното рочиште за случајот „Траекторија“, поранешниот премиер Никола Груевски побара збор и ги повтори барањата да бидат отфрлени како докази СМС пораките бидејќи начинот на кој СЈО ги има прибавено не може да ја гарантира нивната автентичност. Обвини дека пред да му бидат дадени на СЈО, пораките биле во рацете на СДСМ, која, како што рече, е политичка партија која е негов силен противник.

-Во однос на СМС пораките сакам да му укажам на Судот на следните факти, воедно сметам дека во овој предмет, но и во сите останати предмети на СЈО, СМС пораките кои се понудени од самиот почеток, од старт, требаше да биде отфрлени како недозволен доказ. Барам ова да биде донесено во форма на писмено решение во Судот, за да продолжиме со постапката, рече Груевски на почетокот од своето излагање.

Груевски реле дека е можно тоа да се правело и во СДСМ и во Специјалното јавно обвинителство (СЈО). За ова, нагласи Груевски, не треба никакво посебно знаење, доволен е компјутер со програма со која може да се отвори пораката, да се менува текстот без да оставите трага.

-Откако веќе се назначувани како текстуални карактери, односно како збир од најобични букви во електронски овозможува нивно непречено бришење, менување и додавање на текст во било кое време и речиси на ист начин како што може да отворите Ворд документ. И потоа да менувате, да бришете и да додавате било каков нов текст. За ова не треба никакво посебно знаење, ниту никакви посебни компјутерски вештини, доволно е да уклучите компјутер, да отворите Ексел или друга слична програма со која може да ги отворите снимените траки. Слободно да си додадете или избришете текст и притоа да не оставите никаква трага дека тоа е направено. Ова е суштински различно од нелегално снимените креирани разговори кои се понудени од СЈО како доказ. Има други елементи кои што сакам да се разјаснат и поради кои што ги бараме да ни бидат дадени во посед како текст и истото го бараме и за СМС пораките. Но, сепак една работа е јасна дека зборовите е можно, со вешт наод да се утврдува, да се утврдуваат гласовите, но со тоа нешто е апсолутно невозможно со сигурност да се утврдат, рече Груевски во обраќањето пред судот.

Начинот на кој СЈО ги има прифатено СМС пораките кои ги дава како доказ, рече Груевски, дополнително не дава можност да се гарантира нивната автентичност.

-Не се обезбедени со ПИ мерки, за нивната автентичност и целовитост не гарантира ниту еден државен орган, ниту пак СЈО ги има добиено истите од државни институции. Ниту телеком операторите не чуваат копии од овие пораки бидејќи тоа би било незаконски, влегуваат во приватноста. Ниту пак може да ја гарантираат нивната автентичност или да дадат своја копија,  бидејќи таква копија немаат ниту пак смеат да имаат. До ден денес се уште не е утврдено во релевантна судска постапка кој ги снимал овие пораки,  на кои лица потоа оној што ги снимал овие пораки ги има дадено, низ колку раце поминале овие пораки и дали истите се менувани и од кого пред истите да му бидат дадени на сведокот. Тоа сега им е должност да се утврди во целост. Она што со сигурност се знае е дека пред да бидат дадени овие СМС пораки на СЈО, истите се наоѓале во сопственост на политичката партија СДСМ, која е жесток политички противник на нас лицата кои сме обвинети и која би сакале да ни нанесат репутациска штета, политичка штета. Исто така се знае дека овие пораки се стекнати од страна на СДСМ на незаконит начин, односно не преку државен орган. На така стекнати СМС пораки, технолошки е можно и тоа на сосема едноставен начин, што понудениот вешт наод го покажува експлицитно, содржината на СМС пораките да се менува, да се брише и да се додава текст без било каква можност тоа да биде откриено, рече Груевски.

Доволно е во морето пораки кои се понудени од СЈО во оваа постапка, од СДСМ, рече Груевски, било некој друг што им ги предал овие пораки на СДСМ  да има сменето само мал дел од нивната содржина, ако некогаш додадете или избршете само запирка е проблем, и за тоа да се искористат овие СМС пораки за да се искриви вистината и да се фрли сомнеж на нас кои сме осомничени.

-Теоретски е можно, дури и во СЈО да се направи менување на содржината на СМС порака со цел да се поткрепат тезите. За жал технолошки не е можно да се утврди дали вакво нешто се случило или не. Ако самото СЈО пред овој судски совет кажа дека кај зборовите е можно да се врши нивно контаминирање и менување за што сепак е реално потребна и определена стручност, за СМС пораките тоа е многу поедноствно. Едноставно кажано, автентичноста на понудени СМС пораки не е можно да се утврди, изјави Груевски.

Во интерес на правичноста на постапката, но и во интерес на судот е овие докази со соодветно решение да се прогласат за недозволени и истите да не бидат понатаму земено воопшто во постапката, нагласи Груевски. Секакво поинакво постапување ќе ја загрози правичноста и целата постапка, ќе ја доведе во прашање основната функција на овој суд, а тоа е утврдување на вистината.

-Второ, околу одбивањето на снимките кои се објавени да не се сметаат за докази. Околу тоа прашање. Предлагам исто како во случајот на Зоран Заев судот да донесе формално решение со право на жалба наместо како во нашиот случај решение на записник без право на жалба. Ние сме свесни дека во овие политички процеси, како и сите други жалби досега и оваа Апелациониот суд ќе ни ја отфрли, но бараме да имаме можност да го искористиме тоа право на жалба и со тоа бараме да имаме еднаков третман, како што се дава третман на господинот Зоран Заев од овој суд, рече Груевски.

Груевски и денеска побара судот да работи по закони и како што пишува во законот во членот 374 став 7, треба да го добијат ЦД-то со снимените рочишта, или стенограмски.

-Трето, Ве молам не само за денес, вклучително и денес судот да работи по закони и како што пишува во законот во членот 374 став 7, треба да добиеме ЦД-то со снимените рочишта, или стенограмски. Во тој контекст од она што можам да го разберам ми личи дека во ова прашање судот го крши законот. Моето прашање е судот дали работи или не работи по закон, или адвокатите не си ја вршат добро нивната работа. Прилично е јасно дека треба да го имаме добиено ЦД-то. Не знам зошто сме доведени во ситуација да бараме нешто што во закон пишува дека е наше право. Ние бараме да ни се даде нешто што е наше право. Не се чувствуваме пријатно кога треба да стануваме и да го молиме Судот да ни го даде тоа што е наше право. Ве молиме, да не не ставате во ваквва ситуација, изјави Груевски.

 

-Четврто, Ве молам исто така да добиеме препис од законски стекнатите креирани снимки. Ние бараме препис што во превод значи копија од аудио ЦД-то и тоа согласно законот. Јас не го барам оригиналот, туку копија. Не постои причина и не можам да разберам причина без никакво објаснување судот и СЈО за дел од доказите да ни ги врачи, а да за да дел да не ни ги врачува без никакво објаснување зошто не ни ги врачува. Освен ако може да се смета за објаснување она што го кажа обвинителката дека може да се менуваме. Ние да потсетам бараме копии, а не оригинал и не ја гледам смислата дека може да менуваме нешто, а особено затоа што ни беше јавно кажано дека нешто може да се менува. Не ја гледам смислата што може да се менува ако ја имаме копијата, а не оригинал. Иако снимките се незаконски прибавени согласно член 12 став 2 од Законот за кривична постапка тие не може да бидат објавени за докази или од нив да се изведуваат докази, кога веќе Апелациониот суд донесе незаконска одлука, барем да се  работи по закон и за добиеме препис кој по закон ни следува, рече Груевски.

-Петто,сакам уште еднаш да ви појаснам дека одбивањето да се прифати приговорот на нас кои сме осомничени и на нашата одбрана да се отфрлат вештачења кои се направени од лица кои немаат лиценца за вештачења е спротивно на закон. Јас разбирам дека судот е под притисок, политички, меѓутоа сепак секој судија треба да одлучува согласно законите. Во Република Македонија, согласно законите, вештачењето е регулирано со закон и не може било кој да вештачи. Вештак може да биде само тие кои се стекнале со лиценца за вештаци. Во овој случај имаме ситуација каде лицата кои ги потпишале вештачењата во моментот кога ги изработуваат, кога се предадени во СЈО, тие немаат лиценца за вештаци. Тоа е доволно за да бидат отфрлени.

Можеби не треба да се оди на второто и да се потсетува дека тие се од странска подружница. Во законот за вештачења не е дозволено да има вештачења од странска подружница, а настрана што и нивниот управител е лице кои долги години е наш политички противник што значи на некој начин има мотив повеќе. А еден од вештаците, во друг од случаите, е поранешен министер во Владата на нашиот политички противник, СДСМ, заклучи Груевски во обраќањето пред Судот.