Вести

Груевски: Немам никаква вина и народот тоа го гледа, обвиненијата се фабрикувани и без никакви докази

Јас немам никаква вина и народот тоа го гледа. Станува збор за фабрикувани обвиненија, станува збор за обвиненија без ниаккви докази, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето гостување на Алсат, коментирајќи прашање побрзано со обвиненијата на СЈО.

-Јас за обвиненијата дадов јавно искажување, објаснив едно по едно, за што станува збор. Станува збор за фабрикувани обвиненија, станува збор за обвиненија без никакви докази, со кои што само се сака да се декребилизира мојата личност, особено во пресрет на локалните избори, а и понатаму и тоа е пресметка со опозицијата и човекот што е на чело на најголемата опозициска партија, рече Груевски.

Груевски рече: „Прашајте го Заев како стана премиер на Македонија, со така очигледен доказ каде што јавно бара мито од граѓаните и бизнисмените во неговата општина“.

– На очиглед на целата македонска јавност со видео материјал во кое не само што му бара мито, туку и кажува дека тоа е пракса во неговата општина и кажува по име на кои се бизнисмени им побарал и му дале мито. Јас немам никаква вина и народот тоа го гледа, а обвиненија може секој да добие, особено во политиките на Балканот, обвиненија фрчат особено од власт кон опозиција колку сакате, но времето ќе покаже дека сето тоа е неточно, а веќе луѓето тоа го осознаваат, односно го имаат осознаено, заклучи Груевски.