петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 120
home Вести

Груевски: Имаме заробено судство

Груевски: Имаме заробено судство

Нормално под еден таков притисок донесена е одлука дека снимките се валидни иако и на таа личност и на другите нејзини соработници и е јасно дека станува збор за незаконска одлука, но веројатно со цел да се заштитат себе, својот комодитет, својата функција, својата кариера, носат одлуки што ќе ѝ се допаднат на политичката партија на власт за да не бидат казнети, да не бидат санкционирани и тоа има своја рефлексија подоцна во Судот, истакна поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по денешното рочиште за случајот „Траекторија“.

Ние сега, додаде Груевски, се справуваме со работи со кои не се справува ниту еден друг осомничен во светот.

-Всушност, ако разговарате приватно со некој од судиите и ако бидат искрени со вас, сигурно ќе ви кажат дека овие процеси за кои што ние доаѓаме во Суд, воопшто не требаше да влезат во судска постапка, требаше да бидат отфрлени во старт или уште попрецизно кажано воопшто Обвинителството не требаше да ги поднесе. Ги поднесе затоа што е политички создадено, да врши политички прогон, а ги прифатија затоа што судиите се плашат ним да не им се врши политички прогон подоцна, ако не постапат онака како што се бара од нив.