Вести

Груевски: Добро е што почна судскиот процес, имав можност да се изјаснам за невин, кога ќе почне против Заев?

Денеска пред судот за случајот „Насилство во Центар“ се појави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој кажа дека денеска пред судот имал можност да се произнесе како невин за овој случај.

Денеска пред судот имав можност да се произнесам дека сум невин за случајот во општина Центар.

-Добро е што судскиот процес против мене конечно почна и се движиме во добра насока, изјави денеска Никола Груевски.

Груевски кажа дека судскиот процес против него конечно почна, но тоа не се случило со судењето против премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“.

-Веќе две години никако да почне судењето за овој случај. Денеска пак е одложено. Постапката во овој случај се одолжува, рече Груевски.