Вести

Груевски: ДИК замижа пред нерегуларностите, во Македонија имавме африкански избори

Денеска гостин во емисијата „Седмица“ на ТВ Алфа беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој кажа дека се најдени гласачки ливчиња од Карпош во Охрид, од Гостивар во Врапчиште, недостасувале гласачки ливчиња, како и уште многу нерегуларности.

 

-Ова се сериозни докази дека има сериозни сомнежи за спроведен изборен фалсификат, со т.н. модел на „бугарски воз“. Постојат сериозни сомнежи дека биле направени паралелни гласачки ливчиња. Едни за потребите на ДИК, други за потребите на СДСМ, кои однапред им биле давани на гласачите. Доказ за ова се пронајдени гласачки ливчиња во Ресен со ист избирачки број, изјави Груевски.

Тој кажа дека бројни нерегуларности, докажани со докази се премолчени и релативизирани од страна на ДИК.

-Мнозинството членови на ДИК се поддржувачи на СДСМ, таа државна комисија се избра по нов модел во која требаше да има т.н. тројца независни членови, изјави Груевски.

Тој кажа дека овој модел бил донесен после пржинскиот договор. Груевски кажа дека месец дена пред да се донесе ово модел, еден од членовите се фалел дека ќе биде на таа позиција, тој напомена дека нивната работа е да слушаат насоки од надвор.

-Имавме и закани кон нашите членови на ДИК, закани со кривични пријави, еден од нашите претставници веќе има обвинение. Со тоа се гледа практично дека заканите може да бидат реални, изјави Груевски.

Тој кажа дека ќе поднесат претставки од Управниот суд, иако се свесни дека и тој како и сите други судови во Македонија, од страв, закани и заплашувања веќе се ставени под партиската капа на СДСМ и ги слушаат нивните инструкции.

-Но, сепак ние ќе го направиме нашето и ќе поднесеме до нив тужби, за кои она во рок од 48 да одговорат, изјави Груевски.

Тој кажа дека два пати ги викнале ОБСЕ и ОДИХР, но дека не биле дојдени за да ја видат реалната сика, два пати биле викани и сите амбасадори на земјите членки на НАТО и ЕУ.

-Очигледно е дека на некому му требаше на овие избори СДСМ да излезе победник, иако сите тие беа свесни, од неформални извори знам, дека ВМРО е фаворит, дека ВМРО води пред овие, води во смилса на поддршка на граѓаните. Некому му требаше да се случи обратното, за потоа со нив, засилени, охрабрени, а ние ослабени, да решаваат крупни прашања значајни за иднината на Македонија, значајни за нашиот идентитет, изјави Груевски.

Тој напомена дека изборите се веќе нелегитимни, дека ова се најнедемократските избори во Македонија, дека не се сеќава, но дека на многумина, меѓу кои и странците не им одговараше да го видат тоа.