Вести

Грантови до 20.000 евра за компаниите и средните стручни училишта за создавање квалитетни кадри

Министерството за образование и наука во соработка со Светска банка додели грантови од 5 до 20 илјади евра за општествено одговорните компании  кои склучија договори со средните стручни училишта преку „Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“.

Целта на овој проект е креирање на поквалитетен кадар во средното стручно образование.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ја посети компанијата ДОО Енерго систем која склучи договор со Државното училиште за рехабилитација „Партенија Зогравски“ кои добија грант за практична обука на учениците.

555555

-Станува збор за систем кој покрај теоретскиот дел од наставата се спроведува во рамки на соодветната компанија и училиштето, постои практичен дел што учениците директно се запознаваат со системите и со самиот начин на функционирање во делот на соодветната струјка. На овој начин најдобро се покажува целокупната општествена одговорност кои што можат самите компании да го дадат во развојот на образовниот систем, истакна Ристовски.

Во првата фаза се доделени 10 грантови од 5.000 до 20.000 евра, а како што посочи заменик-министерот, МОН ќе продолжи да го поддржува овој проект и процес за зголемување на квалитетот на практичната настава и вештините кај учениците.

– Продолжуваме со реформирањето на четиригодишното стручно образование затоа што сметаме дека тоа е главниот предизвик со кој РМ во следниот период ќе се соочува особено заради потребата и она што го диктира пазарот на трудот од домашните и секако од странските компании во делот од неопходноста на профили и кадар кој е потребен, истакна Ристовски.

Тој посочи дека МОН и понатаму ќе го поддржува овој проект за зголемување на квалитетот на практичната настава и вештините кај самите ученици во средното стручно образование.

Практична настава во Енергосистем посетувааат 25 ученици.

Директорот на ДОО Енерго систем Зоран Кондратенко истакна во нивната компанија учениците со оштетен слух и говор од училиштето„Партенија Зогравски“ во нивната компанија ќе добијат практична и теоретска настава  за запознавање на термотехнички инсталации и системи , поделени во неколку теми.

-За потребите на практичната настава Енерго систем подготви специјална работилница  во кој се инсталирани и ставени во функција сите елементи кои се предвидени со оваа програма и на кои учениците практично ги стекнуваат знаењата за намена, начинот на инсталирање и одржување на истите.

Тој посочи дека по завршувањето на проектот ЕС ќе ја стави на располагање работилницата за практична настава на образовни институции и на стручни здруженија за обука на кадри согласно нивните потреби.