Вести

Граматиков: Интензивно работевме на подобрување на инфраструктурата во општина Крива Паланка

Во изминативе четири години беа изградени многу инфраструктурни објекти кои придонесоа за подобрување на квалитетот на живот за граѓаните на општина Крива Паланка, истакна Никола Граматиков на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Инвестираме во општините за подобар живот на граѓаните“.

 

– Еден од најзнајните проекти кој беше спроведен е проектот за подобрување на општинските услуги кој беше реализиран преку проект на Владата и Министерството за финансии, а со поддршка од СБ, во рамките на кој општината обезбеди средства за подобрување на патната инфраструктура и набавка на возила на ЈП „Комуналец“. Изградени и реконструирани беа девет улици, вели Граматиков.

Тој истакна дека работеле и на рехабилитација на локални улици и патишта.