Вести

Гори зградата на Општина Куманово: „Изгореа доказите за доброто финансиско работење на општината“ (ФОТО)

Откако се запали зградата на општина Куманово, поточно изгоре делот на финансискиот центар на општината, на социјалните мрежи се појавија коментари во врска со настанатиот пожар.

Еден од коментарите на Фејсбук е следен:

-Гори зградата на Општина Куманово. Запален е делот каде што им е финанскискиот центар. Баш тамо ли бе ? ццццц И тоа сега, пред избори. Значи не се запалила чуварницата туку финансискиот центар. Изгореа доказите за доброто финансиско работење на Општината.

Според првичните информации на екипите од терен, едно лице е повредено.