Вести

Ѓорѓиевски: Куманово да прерасне во модерна општина, последниот збор го имаат граѓаните!

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово, Зоран Ѓорѓиевски, со богата програма ќе ја бара довербата од своите сограѓани.

Неговата примарна цел е Куманово да прерасне во модерна,чиста и уредена општина. Сака граѓаните на неговата општина да се гордеат на сите достигнувања и успеси.

Која беше причината да ја прифатите кандидатурата за градоначалник на Куманово? 

-Големата доверба од врвот на партијата на чело со лидерот Никола Груевски големата доверба и желба за победа на партиското членство на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“,а уште повеќе довербата од граѓаните на град Куманово искажана преку многубројните анкети во овој период, со која ми го даваат приматот е работа која најповеќе ме обврзува да ја прифатам оваа одговорна позиција. Обврската е многу поголема и реална бидејќи во предходните избори 85 % од неопределеното гласачко тело се одлучија својата доверба да ми ја дадат на мене, а тоа е работа која на еден зрел совесен и чесен човек многу му значи и го обврзува да даде се од себе за овој град. Сепак како еден од многубројните жители  на овој град , јас имам желба да живеам во една општина која ќе е модерна,чиста и уредена. Општина на задоволни граѓани, кои ќе се гордеат со сите достигнувања и успеси,а не како сега да го имаат спротивното.

Пред сограѓаните ќе излезе со чиста, конструктивна и модерна кампања, а од неговите противници, поучен од минатото предизборие, очекува негативна кампања и валкани постапки. 

Што ви остана во сеќавање од претходните локални избори како позитивно и како негативно искуство ?

-Како позитивно искуство, можам да ја предочам големата бројка на добиени гласови од големиот дел на граѓаните на оваа општина и нивната желба за конечна промена на власта во општина Куманово, а како негативна прочуениот метод на СДСМ негативна флаер кампања, со измислени шпекулации во период на изборен молк, како и сите други валкани методи за да посекоја цена се дојде до победа. Јас се потрудив да на моите сограѓани на тие локалн избори, демонстрирам една чесна конструктивна и модерна кампања со одредени цели и достигања кои ветуваа подобро Куманово. За сето  она што се случи сведоци се сите граѓани на општина Куманово и оние кои ме гласаа и оние кои беа излажани, а и граѓаните што својата доверба ја дадоа на СДСМ. 

Ќе биде градоначалник за сите сограѓани, ќе работи исклучиво по закон и главна битка ќе му биде битката за отворање на нови работни места.

Што мислиите за шпекулациите што се ширеа и 2013 и сега со ваш евентуален успех како кандидат за градоначалник, за отпуштања од јавните претпријатија ?

-Пред се сите граѓани во Куманово кои ме познаваат, знаат дека сум легалист, човек кој цел живот го почитува законот на правото и живее почитувајќи го словото на законот. Никој пат нема да се ставам над постоечките закони во Република Македонија, па ни како иден градоначалник на општина Куманово. Тоа значи дека сите луѓе кои се редовно вработени во сите јавни претпријатија во општина Куманово, нема да бидат отпуштени  и немаат потреба да се плашат, доколку совесно и чесно си ги извршуваат своите работни задачи , а јас сакам да бидам градоначалник на сите граѓани подеднакво. Сметам дека главен виновник за лошите ефекти од работењето на јавните претпријатија во општината е  лошото менаџирање на постоечката владејачка структура која во континуитет од 27 години е  на власт  во Куманово . Сметам дека идниот градоначалник на Куманово треба да се бори за отворање на нови работни места, повисоки плати, за да главниот проблем на Куманово , а тоа е невработеноста биде намалена на подносливо  ниво, затоа што сведоци сме дека голем број наши сограѓани го напуштија градот во борбата за подобар живот. 

Оценува дека Куманово требаше да биде економски рај, а не урбан хаос.

На централно ниво власт е СДСМ , како ќе функционирате доколку станете градоначалник на општина Куманово? 

-Општина Куманово е најголема локална самоуправа во Република Македонија со квалитетно и одговорно менаџирање со чувство за овозможување на подобра економска клима за нашите сограѓани, да можат своите средства и заштеди ги инвестираат во економски капацитети кои ќе бидат исплатливи и за нив и за самата општина. Да Ве потсетам во 2013 година 12.500 кумановци беа на привремена работа во Авганистан, Ирак и Џибути како логистика на НАТО силите , каде остваруваа минимален личен доход од над 3000 долари, а тие средства на разни начини се слеваа во општината, со мудро и чесно менаџирање на овие средства Куманово требаше да биде економски рај, а не урбан хаос. Освен тоа постојат средства кои самата општина ги добива, така да со стручно и чесно менаџирање имаме шанса да направиме да бидеме горди на градот во кој живееме. Ќе ги потсетам постарите кумановски граѓани дека  јавни претпријатија во деведесетите години беа најуспешните фирми во општина Куманово и резултатите од нивната работа од тоа време  се гледаат  и  ден денес. Периодот кога Куманово беше многу поуреден и почист град со урбанизирани нови населби, репрезентативни спортски објекти на чело со најуредена зелена површина, а тоа е спомен Костурница – Куманово. 

Последниот збор го имаат граѓаните!

Какви се вашите очекувања за текот на изборната кампања ? 

Јас очекувам од граѓаните на Куманово да демонстрираат една демократска и граѓанска зрелост, да ги согледаат одговорно сите понуди од кандидатите за градоначалници и да разберат дека со својата одлука му даваат на Куманово шанса да се развива или да продолжи да пропаѓа. Сметам дека е време за еден хируршки рез за кој и самите граѓани се свесни и да една гангренозна политика во општина Куманово биде отстранета со помош на граѓаните на овој град, бидејќи имам искуство од изборите од 2013 не сум убеден во коректниот однос од спротивниот табор и очекувам дека во борбата до целта ќе ги употребат како и до сега сите валкани методи во изборниот процес. Сепак последниот збор го имаат граѓаните, а тие со својот масовен одзив и одговорно гласање може да ја променат судбината на градот Куманово на подобро.