среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Вести

Голем одрон на патот: Сообраќајот на патот Тетово-Попова Шапка по една лента

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места има остатоци од кашаст снег по интервенција на дежурните служби.

На патниот правец Тетово-Попова Шапка поради одрон на патот сообраќајот се одвива по една лента, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места има остатоци од кашаст снег по интервенција на дежурните служби.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.