Вести

Гелова- Стојанова: Криминалот, корупцијата и непотизмот од општинско, Заев ги преслика на државно ниво

Криминалот, корупцијата и непотизмот од општинско, Заев ги преслика на државно ниво. Македонија денеска е раководена по примерот на Струмица каде Заев како градоначалник местеше тендери, вршеше рекет врз инвеститори, царуваше мито и корупција, истакна Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ.

-Истиот Заев, кој врз грбот на граѓаните ги наполни фамилијарните сметки со милионски суми, ветуваше живот за сите граѓани подеднакво, ветуваше 30.000 плата за секој од нас. Денеска сите ние земаме пониски плати. Додека Зоран Заев ги лажеше граѓаните, Трајче Заев со само 10 евра за квадратен метар стана сопственик на конфекцискиот гигант „Герас Цунев“, за само 20.000 евρа купи дел од стρумичκиот κонфеκцисκи гигант „Геρас Цунев“, κој поседува имот со вκупна повρшина од 7.396 метри квадратни. Додека СДС лажеше за намалување на сметките за електрична енергија, Кочо Анѓушев воспоставува монопол врз целиот пазар за електрична енергија во Македонија. Додека ја манипулираат јавноста со либерализација на пазарот газда Кочо создава простор за целосно преземање на пазарот за електрична енергија, рече таа и додаде:

„Додека СДС зборуваше за непотизмот и негово расчистување, Драги Рашковски си ги постави членовите на неговата поширока фамилија на раководни позиции. Почитувани, како се води денеска Македонија по теркот на Струмица? Додека Заев беше градоначалник на Струмица, беа вадени милионски суми од општинската каса преку фирмите „Тргопродукт“, „Сара Јавор Инженеринг“, и „Ева Стајл“, во сопственост на снаата, стрината и братучетка на Заев.

Компанијата „Тритерол“, рече Гелова- Стојанова, која е во сопственост на близок соработник и бизнис партнер на фамилијата Заеви, од Регулаторната Комисија за енергетика доби лиценца за увоз на нафта и нафтени деривати.

-Сопственик на „Тритерол“ е Горан Крстев, еден од омилените бизнис партнери на Зоран Заев, кој од Струмица доби тендери во вредност од скоро еден милион евра. Горан Крстев е сопственик и на дел од „Глобал“, трговскиот центар за кој премиерот Заев доби аболиција од тогашниот претседател Бранко Црвенковски. Додека СДС зборува за ветер и магла, додека Заев лаже за 30.000 плата, додека стандардот на граѓаните се намалува од ден на ден, Заев со својата фамилија и соработниците од владата инкасираат милионски суми на своите сметки. Тоа е животот кој го ветува Заев. Остануваат уште два дена кога граѓаните ќе ја казнат ваквата криминална политика на оваа влада. Од 15-ти октомври доаѓа правда во Македонија, ќе се одговара и ќе се сноси одговорност за сите криминали и злоупотреби.