Вести

ФОТО: Во Тројачката котлина започна изградбата на дел од гасоводот Неготино-Прилеп-Битола

Денеска во Тројачката котлина, во близина на Прилеп, започна изградбата на дел од магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола. Овој гасовод, чија првична изградба започна во јануари оваа година, ќе биде со должина од 92 км., а инвестицијата е вредна 36 милиони евра.

На свеченото започнување на изградбата на оваа делница присуствуваше голем дел од бизнис секторот од Прилеп, претставници на локалната самоуправа и на компанијата Македонски енергетски ресурси, која е задолжена од Владата на Македонија за изградба на националниот гасоводен систем. Извршниот директор на МЕР, Крсте Миладинов, истакна дека досега во Македонија биле изградени дополнителни нови 115 км. нова гасоводна мрежа.

krste miladinov

-Од почетокот на оваа година, освен овие 115 км. започна изградбата на дополнителни 205 км. гасводна мрежа. Тоа значи дека со завршување на 4-те магистрални делници ќе имаме покриеност преку 70% од потрошувачката на природниот гас. Тоа во количини би било околу 900 милиони кубни метри. Еве денеска се наоѓаме помеѓу Прилеп и Кавадарци, на средината од овој потег, каде започна изградбата на овој дел од магистралнито гасовод Неготино-Прилеп-Битола. Ги поканивме стопанствениците да го видат местото каде се работи гасоводот за да имаат една визија кога природниот гас може да стигне до Прилеп, истакна Крсте Миладинов, извршен директор на Македонски енергетски ресурси.

Градоначалкникот Ристески потенцираше дека изградбата на гасоводот е историски и капитален прокет за Прилеп од кој огромен бенефит ќе имаат сите граѓани. Гасоводот треба да биде завршен во 2019 година.

marjan risteski

-Ова е историски момент за градот Прилеп и веќе е започнат сонот на многу генерации прилепчани, изградбата на гасификацијата за овој дел на Македонија. Изградбата на гасоводот треба да заврши во 2019 година. А во втората половина од 2018 година се очекува да помине покрај Прилеп. Гасификацијата за градот ќе значи многу за подобрувањето на квалитетот на живот на сите граѓани, намалување на трошоците за енергенси, подобрување на економијата во градот, заштита на животната средина, а со изградбата на овој гасовод и експресниот пат преку Плетвар ќе се зголеми и конкурентноста за привлекување на домашни и странски инвеститори не само на Прилеп туку и за целиот Пелагониски регион, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

marjan risteski i miladinov

Први кои се планира да се приклучат на гасоводот и кои ќе имаат најголеми бенефити и заштеда на средства за енергија се компаниите. Од регионалната стопанска комора на Прилеп рекоа дека имаат одлична соработка со Општина Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески, кога станува збор за развојот на стопанството.

simon naumoski

-Во изминатиов период од 10-тина години ние како Управен одбор на Регионалната стопнаска комора имаме одлична соработка на стопански план со градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, донесовме доста заклучоци неопходни за развојот на стопанството во Општината, од кои морам да признаам дека преку 70% од нив веќе се реализирани во државава, дали преку одлуки на Владата или преку Министерставата. Еден од тие предлози кои ги донесовме со градоначалникот беше и гасификацијата на Општината. Гасот е неопходен за стопанството на Општината од повеќе аспекти, а пред се од аспект на заштеда на потрошувачката на горива, а воедно и од аспект и висока еколошка заштита на околината. Колкави ќе бидат заштедите за нас ќе зависи од тоа колкава ќе биде цената по метар кубен на гасот, досега беше варијабилна, но со тек на време и приклучувањето на Македонија не само на гасот од Русија, туку и со приклучување на гасоводите преку Грција од Блискиот Исток можностите за намалување на цената на гасот се реални, што фактички со тој чин економските ефекти може да бидат и подобри од очекувањата, Симон Наумоски, претседател на бордот на директори на „Витаминка“.

gasovod 2

Инаку досега со клириншкиот долг се изгради гасоводот Клечовце-Штип, во должина од 61 км. со тоа се расчистени долговите на поранешниот СССР во однос на Македонија и инвестицијата изнесува 60 милиони долари. Втор гасовод кој е во понапредна фаза на изградба е делот од Штип-Неготино, во должина од 36 км. кој веќе 65% е изграден и се очекува оваа година Кавадарци да биде корисник на природен гас. Третиот магистрален гасовод е Скопје-Тетово-Гостивар каде се расчистени околу 15 км. од трасата и се праваа подготвителните работи. Четвртиот гасовод пак е овој Неготино-Прилеп-Битола, а наскоро требало да се започне со изградба и на дестрибутивниот систем до граѓаните.

gasovod 3

-За домаќинствата Владата во февруари распиша оглас за јавно приватно партнерство за три региони во Македонија, Скопскиот, Источна и Западна Македонија. Огласот завршува во јуни, што значи потоа започнува изборот на компании кои ќего стопанисуваат дистрибутивниот систем. Тој процес треба да заврши до крајот на годината, што значи наредната година може да се очекува и изградба на дистрибутивен систем. Тоа значи паралелно со изградбата на магистралнито гасовод, еве на пример до Прилеп, се очекува да започне и процесот на гасификација на Прилеп. Трошоците се предвидени во проектот да бидат околу 5.500 денари за стан од 80 метри квадратни. Тоа е вредноста која домаќинствата ќе ја плаќаат за приклучок, а се понатаму е економска логика и економски интерес. Граѓанинот ќе може да избере што му е него поефикасно и поевтино, додаде Крсте Миладинов, извршен директор на Македонски енергетски ресурси.

gasovod 4

Од МЕР велат дека со подобрувањето на временските услови во периодот кој следува ќе започне и поинтензивна изградба на гасоводите.

gasovod 5

 

gasovod 6
gasovod 8

gasovod 9

gasovod 10

gasovod 11