Вести

ФОТО: УМС кафе средба со кандидатите за градоначалници во Куманово, Центар и Бутел

Кандидатите за градоначалници на Куманово Зоран Ѓорѓиевски, за Бутел Дарко Костовски, како и за општина Центар Дејан Јовановски денеска остварија средба со членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ можеше директно да поразговара со кандидатите за градоначалници како и да се запознае со нивната програма која им ја нудат на граѓаните како и со реалните проблеми со кои се соочуваат тие во нивното место на живеење.

Инаку, Костовски, Јовановски и Ѓорѓиевски на 15 октомври ќе ја бараат целосната поддршка од граѓаните за реализирање на нивните четири годишна програма.

Кафе средба на УМС со кандидатот за градоначалник на Куманово.

Кафе средба на УМС со кандидатот за градоначалник на општина Бутел.

  

Кафе средба на УМС со кандидатот за градоначалник на општина Центар.