Вести

ФОТО: Тодоров оствари средба со Рајнхард Прибе

По средбите во повеќе институции и партии, Прибе денеска ја завршува работата во Македонија.

Членот на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Тодоров денеска оствари средба со експертот на Европската унија Рајнхард Прибе.

Прибе претходно средбите ги започна од министерствата за надворешни и за внатрешни работи, за правда и за евроинтеграции.

„Само што почнавме со работа, ќе видиме понатаму што треба да биде направено“, изјави накратко Прибе по средбите.

Се очекува Прибе денес да ја заврши посетата и да си замине од Македонија. Најавено е дека по средбите ќе биде објавена информација за разговорите денес.